ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина 19-годишна девојка, возачот имал 1,75 промили алкохол

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Загина 19-годишна девојка, возачот имал 1,75 промили алкохол

Деветнаесетгодишна девојка од Струмица загина во тешка сообраќајна несреќа што се случила синоќа на магистралниот пат Струмица – Граничен премин Ново Село, во атарот на селото Турново.

Според информациите од МВР, околу 23:30 часот се судриле автомобил „сеат леон“ со струмички регистарски ознаки, управуван од С.Б. (29) од Струмица, и мотоцикл без регистарски ознаки, кој го управувал А.Д. (19) од Иловица.

Во несреќата тешко настрадала К.Ј. (19) од Струмица, која била сопатничка на мотоциклот. Таа починала на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

Возачот на мотоциклот се здобил со повреди и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица.

При увидот било утврдено дека возачот на автомобилот управувал со 1,75 промили алкохол во крвта, по што бил лишен од слобода.

Полицијата констатирала и дека 19-годишниот мотоциклист немал возачка дозвола, а мотоциклот што го управувал бил нерегистриран.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатата девојка било предадено на обдукција. Поради увидот, сообраќајот на овој патен правец бил целосно прекинат од полноќ до 02:30 часот.