ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагедија на патот Велес-Штип: Едно лице загина, 18-годишно момче повредено во директен судир

Трагедија на патот Велес-Штип: Едно лице загина, 18-годишно момче повредено во директен судир

Тешка сообраќајна несреќа се случи на експресниот пат Штип–Велес, кај крстосницата за селото Иванковци, при што едно лице го загуби животот, а едно 18-годишно момче е повредено.

Според информациите на СВР Штип, во несреќата учествувале две патнички возила кои се судриле директно, при што последиците биле фатални за едниот возач. Повреденото момче веднаш било пренесено во болница за укажување на лекарска помош.

На местото на несреќата интервенирала и екипа на Противпожарната единица од Велес, која помогнала во извлекувањето на повредените лица и обезбедување на теренот.

Полицијата спроведува увид за да се утврдат причините за тешката сообраќајна несреќа.

Escape