ПРВ.мк
Црна Хроника

Почина младиот Кристијан од Кочани – изгуби херојска битка со тешка болест!

Почина младиот Кристијан од Кочани – изгуби херојска битка со тешка болест!

Скопје, 13 октомври 2025 – Со тага и неверување, денес јавноста ја прими веста дека 23-годишниот Кристијан Сребреновски од Кочани ја загуби битката со тешката болест што храбро ја водеше последните месеци.

Кристијан се лекуваше во болница во Ријека, Хрватска, откако му беше дијагностициран карцином на тестис со метастази во мозокот. За неговото лекување беа организирани хуманитарни акции и се собираа средства од граѓани ширум земјата.

Неговата состојба драматично се влоши за кратко време. Само неколку дена по жалба за силна главоболка, следеше итна операција, а потоа уште две. Дијагнозата ги потресе сите – агресивен облик на карцином кој брзо се проширил.

Кристијан ќе остане запаметен како борец, чија насмевка и волја за живот инспирираа многумина. Семејството, пријателите и сите кои учествуваа во акциите за помош денес тагуваат за неговата прерана загуба.

Нека почива во мир.

Escape