Македонија повторно е завиена во црнина по тешка сообраќајна несреќа која се случила вчера околу 14:35 часот на експресниот пат Прилеп–Градско, при што животот го загубија две лица од Делчево.
Според информациите од СВР Велес, патничко возило марка „Ауди“ со делчевски регистарски таблички, управувано од 60-годишниот Ќ.С., излетало од коловозот под засега неутврдени околности.
На местото на несреќата починале и возачот и неговата сопатничка С.С. (57), кои биле сопружници. Смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.
По наредба на јавен обвинител, телата се предадени на обдукција, а увид на местото на несреќата извршила увидна екипа на СВР Велес. Причините за трагедијата се сè уште предмет на истрага.