ПРВ.мк
Свет

Контроверзија во Копенхаген: Големата сирена се отстранува поради „пренагласени гради“

Контроверзија во Копенхаген: Големата сирена се отстранува поради „пренагласени гради“
Escape

Во Копенхаген ќе биде отстранет споменикот „Големата сирена“, кој со години предизвикува бурни реакции поради својата експресивна фигура и големи гради. Статуата, висока речиси четири метри и поставена во 2006 година близу до познатата „Мала сирена“, е критикувана како „грозна“, „порнографска“ и „машка фантазија за женската фигура“, пишува The Independent.

Поради овие критики и неусогласеност со културното наследство на тврдината Драгор, каде што статуата беше преместена во 2018 година, данската Агенција за палати и култура одлучи да ја отстрани од јавниот простор.

Уметничкиот критичар Матијас Кригер ја оцени статуата како неприфатлива за јавноста, додека новинарката Сорине Готфредсен нагласи дека ваквите претстави не го поттикнуваат прифаќањето на женското тело.

Од друга страна, дизајнерот Петер Бек го брани својот труд, тврдејќи дека пропорциите се сосема нормални за големината на фигурата и дека статуата привлекува туристи. Иако понудил компромис и дури донација на статуата на тврдината, општинските власти сметаат дека споменикот „просто тешко се вклопува“ и зазема премногу простор.

Копенхаген и понатаму останува препознатлив по класичната „Мала сирена“ на Едвард Ериксен од 1913 година, која е почит кон делото на Ханс Кристијан Андерсен.

Mia Home Mavrovo