ПРВ.мк
Македонија

Исчезна маж од Велес – полицијата во потрага

Исчезна маж од Велес – полицијата во потрага
Escape

Во СВР Велес синоќа во 20:50 часот е пријавено исчезнување на маж од градот. Пријавата ја поднела неговата сопруга, Б.К. (50), која информирала дека нејзиниот сопруг В.К. (53) се оддалечил од нивниот дом и не се вратил.

Полицијата веднаш презела мерки за пронаоѓање на лицето и потрагата сè уште е во тек.

Од СВР Велес упатуваат апел до граѓаните – доколку некој има какви било информации што би можеле да помогнат за лоцирање на лицето, да се јави во најблиската полициска станица.

Mia Home Mavrovo