ПРВ.мк
Македонија

Се поставува споменикот на војводата Александар Турунџев

Се поставува споменикот на војводата Александар Турунџев
Escape

По долгогодишно одложување, денес конечно започна поставувањето на споменикот на македонскиот револуционер и војвода Александар Турунџев во Битола. Споменикот, кој изминатите осум години стоеше во дворот на Општина Битола, беше пренесен и поставен на новоизградениот кружен тек кај Ат-пазар – токму на местото каде што војводата бил обесен.

Во наредните денови, ќе се работи на финалните градежни зафати на постаментот, како и на хортикултурното уредување на просторот околу него. Целта е сè да биде подготвено до 30 август – денот кога ќе се одбележат точно 120 години од смртта на Турунџев.

Одлуката за поставување на споменикот датира од 2015 година, а иако изработката беше завршена пред осум години, за неговото конечно поставување беше неопходна изградба на кружниот тек на локацијата каде што загинал.

Со иницијатива и ангажман на градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, кружниот тек кај ветеринарната станица конечно е изграден, а просторот ќе биде целосно уреден во следните три недели.

Поставувањето на споменикот претставува симболично враќање на историскиот долг кон ликот и делото на Александар Турунџев – еден од најзначајните дејци на македонската револуционерна борба од почетокот на 20. век.

Mia Home Mavrovo