ПРВ.мк
Свет

Уапсен американски војник обвинет за обид за шпионажа – се обидел да им предаде тајни за тенковите „Абрамс“ на Русија

Уапсен американски војник обвинет за обид за шпионажа – се обидел да им предаде тајни за тенковите „Абрамс“ на Русија
Escape

Тејлор Адам Ли (22), американски војник стациониран во базата Форт Блис, Тексас, е уапсен под сомнение за обид да предаде строго доверливи информации за тенковите М1 „Абрамс“ на руски функционер, соопшти Министерството за правда на САД.

Ли, кој имал пристап до класифицирани податоци, наводно доставил мемориска картичка со чувствителни информации во замена за руско државјанство. Според обвинението, во јули тој имал директна средба со руски претставник и испратил порака „Мисијата е завршена“ по предавањето на делови од опремата од тенкот „Абрамс“ во складиште во Ел Пасо, Тексас.

Бригадниот генерал Шон Ф. Стинчон од Армиската команда за контраразузнавање ја истакна сериозноста на заканата за американската војска која ја претставува вакво дело.

Ли е изведен пред федерален суд и се соочува со обвиненија според Законот за шпионажа и Законот за контрола на извозот на оружје. Во случај да биде прогласен за виновен, му претстои долга затворска казна. Истражната постапка продолжува.

Mia Home Mavrovo