ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почина ученик од петто одделение, училиштето се прости со потресна порака

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Почина ученик од петто одделение, училиштето се прости со потресна порака

Голема тага во струмичкото село Колешино, по веста за прераната смрт на Ведран, ученик во петто одделение во Основното училиште „Видое Подгорец“.

Тажната вест ја соопшти училиштето преку емотивна објава на социјалните мрежи, со која се прости од својот ученик.

„Зад училишните клупи ќе остане едно празно столче, училницата без неговите палавштини, училишниот ходник без неговото ‘Добро утро!’ и без тивките чекори додека го носи торбичето со уредно спакуван појадок“, се наведува во потресната порака.

Со овие зборови, наставниците и вработените во училиштето ја опишаа празнината што ја остава прераното заминување на нивниот ученик.

Веста предизвика голема тага меѓу неговите соученици, наставници и сите што го познавале.

Од училиштето упатија искрено сочувство до семејството, роднините и другарчињата на Ведран, посакувајќи им сила во овие исклучително тешки моменти.

Прераната смрт на дете е ненадоместлива загуба за семејството и за целата училишна заедница.

Засега не се објавени информации за причината за смртта.

Неговото име и споменот за него ќе останат меѓу оние што ги делеле училишните денови со него.

Нека почива во мир.