ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Маж почина по пад од кров!

ТРАГЕДИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ДРЖАВАТА: Маж почина по пад од кров!

Во Струга се случила трагична несреќа во која животот го загубил 63-годишен маж, откако паднал од кровот на својата семејна куќа додека извршувал работни задачи.

Настанот бил пријавен на 4 мај 2026 година во 12:48 часот во ОВР Струга од страна на Медицински центар Струга, откако кај нив било донесено телото на починатиот.

Според официјалните информации, лекар констатирал смрт на лицето со иницијали П.Ј. (63) од Струга. Од првичните сознанија, тој паднал од кровот на куќата додека работел, при што се здобил со тешки повреди кои биле фатални.

На местото на настанот бил извршен увид од увидна екипа на полицијата и јавен обвинител, по чии насоки телото на починатиот е предадено на Институт за судска медицина за обдукција.

Случајот се води како несреќа, а надлежните органи продолжуваат со постапката за целосно утврдување на околностите под кои дошло до трагичниот настан.

Најнови вести