ПРВ.мк
Македонија

ДРАМА ВО ГОСТИВАР: Кучиња скитници ја нападнале – девојка заврши со тешки повреди додека бегала!

ДРАМА ВО ГОСТИВАР: Кучиња скитници ја нападнале – девојка заврши со тешки повреди додека бегала!

Во Гостивар се случил вознемирувачки инцидент во кој 19-годишна девојка била повредена по напад од кучиња скитници.

Според информациите од Министерство за внатрешни работи, случајот бил пријавен вчера во утринските часови, околу 08:50, кога од Медицинскиот центар во Гостивар известиле дека кај нив била донесена повредената девојка.

Според пријавеното, таа се движела по улицата „101“ кога била нападната од група кучиња скитници. Во обид да се спаси и да избега од нападот, девојката паднала, при што се здобила со тешки телесни повреди.

На местото на настанот извршен е увид од страна на полициска екипа, а се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности.

Најнови вести