ПРВ.мк
Сцена

(ФОТО) СÈ БИЛО ШОУ? Поранешниот „од 4 до 7“ дечко на Дара Бубамара се огради, а таа удри со нов потег!

(ФОТО) СÈ БИЛО ШОУ? Поранешниот „од 4 до 7“ дечко на Дара Бубамара се огради, а таа удри со нов потег!

Скандалот со експлицитната аудио-порака поврзана со Дара Бубамара доби неочекуван развој, откако Борис Видовиќ, кој се споменуваше како дел од приказната, јавно ги негираше сите шпекулации.

Иако претходно самиот поттикна сомнежи со објави на социјалните мрежи – вклучително и видео со песната „Опасан“ и алузии на времето „од четири до пола седум“ – сега тврди дека нема никаква поврзаност со случајот.

„Во последно време се појавуваат разни приказни и шпекулации поврзани со мене. Сакам јасно да кажам дека не сум дел од тоа, ниту е вистина она што се пласира. Можеби во еден момент оставив простор за вакви толкувања, но сакам да ставам крај“, напиша Видовиќ на Инстаграм.

Тој додаде дека нема намера да гради медиумско внимание преку туѓо име и дека е фокусиран на сопствениот пат.

Во меѓувреме, Дара Бубамара реши целата ситуација да ја претвори во свој адут. Пејачката најави нова песна и високобуџетен спот инспириран токму од контроверзната аудио-порака.

„Кукли мои, гледам дека целиот Балкан зборува што сум правела од четири до пола седум! Па кога е веќе така, ред е да добиете и песна за тоа“, порача таа од сцена, предизвикувајќи бурни реакции.

Пејачката претходно најави и правна постапка со цел да се утврди како приватната порака завршила во јавноста, нагласувајќи дека станува збор за стар материјал.

„Мојот адвокат работи на тоа. Знаеме кој стои зад ова“, изјави таа, оставајќи простор за нови разврски во овој случај што сè уште ја интригира јавноста.