ПРВ.мк
Македонија

ДВЕ ГОДИНИ ПЕКОЛ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА: Пријавен 39-годишен маж за следење и вознемирување!

ДВЕ ГОДИНИ ПЕКОЛ ЗА МАЛОЛЕТНИЧКА: Пријавен 39-годишен маж за следење и вознемирување!

Во Прилеп е пријавен сериозен случај на долготрајно следење и полово вознемирување на малолетничка, кој според пријавата траел речиси две години.

Според информациите од СВР Битола, случајот бил пријавен во ОВР Прилеп од страна на 44-годишен жител на градот, кој навел дека неговата ќерка била изложена на вознемирувачко однесување од 39-годишен прилепчанец.

Во пријавата се наведува дека осомничениот подолг период ја следел и вознемирувал малолетничката, а инцидентот, според семејството, ескалирал кога таа била физички допрена во продажен објект.

Тоа, како што се наведува, било пресуден момент по кој семејството веднаш се обратило до полицијата.

Од полицијата информираат дека се преземаат интензивни мерки и активности за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности поврзани со настанот, како и за можни понатамошни правни чекори против осомничениот.