ПРВ.мк
Скопје

ГРАД СКОПЈЕ УДИРА ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ: Авионско прскање од воздух – еве кога и како ќе се спроведе акцијата!

ГРАД СКОПЈЕ УДИРА ПРОТИВ КОМАРЦИТЕ: Авионско прскање од воздух – еве кога и како ќе се спроведе акцијата!

Скопје најави нова акција за борба против комарците, при што на 7 мај 2026 година ќе се изврши авионска дезинсекција против ларви од комарци.

Според соопштението од Град Скопје, прскањето ќе се реализира во раните утрински часови и ќе биде спроведено од воздух, со цел поефикасно уништување на ларвите на комарците на целото градско подрачје.

Од надлежните информираат дека доколку временските услови не дозволат изведување на акцијата на планираниот датум, таа ќе биде одложена за првиот нареден поволен ден, во истите утрински термини.

Исто така, од Град Скопје упатуваат апел до пчеларите навреме да преземат мерки за заштита на пчелните семејства, со цел да се избегнат евентуални штети за време на дезинсекцијата.

Акцијата е дел од редовните мерки за контрола на популацијата на комарци во градот пред летниот период.