ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМААТ КРАЈ: Извлечено тело на маж од езеро!

ТРАГЕДИИТЕ ВО МАКЕДОНИЈА НЕМААТ КРАЈ: Извлечено тело на маж од езеро!

Телото на 71-годишен маж од Скопје е извлечено од водите на Преспанското Езеро, по неколкудневна потрага што започна откако било пријавено неговото исчезнување во езерото.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, вчера во 13:15 часот специјализирана нуркачка екипа од САЕ „Тигар“ го пронашла и го извлекла телото на М.М. од Скопје.

Телото било пронајдено во близина на туристичката населба Претор.

Случајот бил пријавен во СВР Битола на 8 август околу 12:20 часот. Тогаш било пријавено дека 71-годишниот маж скокнал од чамец во водите на езерото кај селото Сливница, во ресенскиот регион.

Според пријавеното, тој влегол во езерото во обид да ги земе веслата кои паднале во водата. По тој момент, мажот не бил пронајден, по што започнала потрагата по него.

По неколку дена, специјализираната нуркачка екипа успеала да го лоцира телото во езерото и да го извлече на брегот.

На местото бил извршен увид од екипа на СВР Битола – ОВР Ресен.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е пренесено во Клиничката болница во Битола, каде што треба да биде извршена обдукција.

Со обдукцијата и понатамошната истрага треба да се утврдат сите околности и причината за смртта. Полицијата и надлежните институции продолжуваат со постапката за целосно расчистување на случајот.