ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: 40-годишен работник падна од бандера и почина на лице место!

ТЕШКА ТРАГЕДИЈА: 40-годишен работник падна од бандера и почина на лице место!

Четириесетгодишен работник (роден 1986 година) го загуби животот денеска околу 12 часот во Нови Сад, откако падна од височина за време на изведување градежни и електрични работи на бандера во улицата „Олга Петров“.

Според изјавите на очевидци, работникот паднал директно на бетонскиот тротоар. Случајните минувачи веднаш повикале Брза помош, но несреќниот човек останал да лежи во несвесна состојба со тешки повреди.

Екипата на Заводот за ургентна медицина Нови Сад интервенирала по прв приоритет на местото на несреќата.

Деталите за трагичниот настан ги потврди и д-р Зоран Круљ, портпарол на ургентната служба:

„Медицинската екипа интервенираше по 1. приоритет на улицата „Олга Петров“ број 27 по дојава за пад од бандера на машко лице родено 1986 година. И покрај сите напори на лекарите и спроведената кардио-пулмонално-церебрална реанимација, тежината на повредите беше кобна и е констатирана смрт на лице место.“

На местото на несреќата полицијата врши детален увид за да се утврдат точните причини за падот, како и тоа дали биле испочитувани сите пропишани стандарди за безбедност и заштита при работа на височина.