ПРВ.мк
Црна Хроника

Тешка сообраќајна несреќа: Возач на мопед почина

Тешка сообраќајна несреќа: Возач на мопед почина

Шеесет и петгодишен маж го загуби животот по тешка сообраќајна несреќа што се случила на локалниот пат меѓу струмичките села Штука и Турново.

Според информациите од полицијата, несреќата била пријавена вчера во 10:40 часот во СВР Струмица.

Во сообраќајката учествувале мопед „томос“ без регистарски ознаки, управуван од М.Д. (65) од село Штука, и патничко возило „фиат пунто“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Д.Д. (29), исто така од Штука.

Во судирот, 65-годишниот возач на мопедот се здобил со тешки телесни повреди и бил пренесен во Општата болница во Струмица.

И покрај укажаната медицинска помош, во 13 часот било констатирано дека М.Д. починал.

Увид на местото на несреќата извршила екипа на СВР Струмица. Причините и околностите под кои дошло до судирот не се наведени во полициската информација.