ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Дете со тешки повреди пренесено во болница!

ТЕШКА СООБРАЌАЈНА НЕСРЕЌА: Дете со тешки повреди пренесено во болница!

Тешка сообраќајна незгода се случила вчера во 16:00 часот на улицата „Славеј Планина“ во Скопје, во која учествувале патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки и малолетен пешак.

Според информациите, со автомобилот управувал 25-годишниот Б.С., додека во незгодата бил повреден малолетен пешак од Скопје.

По сообраќајката, повредениот пешак бил преземен од екипа на Итната медицинска помош и веднаш бил транспортиран во Ургентниот центар „Мајка Тереза“. Таму лекарите констатирале дека се здобил со тешки телесни повреди.

За случајот бил известен јавен обвинител, а по негови насоки возилото било одземено поради сомнение за сторено кривично дело согласно член 297-а, за кое е осомничен возачот Б.С.

Полицијата продолжува со преземање на потребните дејствија за целосно расчистување и документирање на случајот. По завршувањето на постапката и утврдувањето на сите околности, ќе биде поднесена соодветна пријава.