Градежните активности за изградба на новиот Картинг центар во Кавадарци се одвиваат со засилено темпо. Со овој проект, градот ќе добие уште една современа спортско-рекреативна локација наменета за младите, љубителите на автомобилизмот и сите кои бараат квалитетна забава и рекреација.
Станува збор за инвестиција вредна 35.247.407 денари, обезбедена преку вториот повик на Владата. Проектот се реализира на вкупна површина од 2.700 м², каде што се гради модерна картинг патека комплетирана со сите потребни придружни објекти.
На терен веќе се препознатливи новите контури на комплексот. Со секоја завршена фаза, Кавадарци е сѐ поблиску до реализација на оваа нова атракција која дополнително ќе ја збогати локалната туристичка и спортска понуда.
Овој Картинг центар е уште еден доказ за континуираниот развој на Кавадарци преку инвестиции во нови содржини, подобри услови за младите и нови можности за заедницата.






