Тешка сообраќајна несреќа се случи вчераутро во Кочани. Настрадаа 64-годишна жена и осумгодишно дете. Инцидентот бил пријавен во полиција во 07:34 часот. Несреќата се случила на улицата „Стево Теодосиевски“.
Според полицискиот извештај, патничко возило „мерцедес“ удрило во пешаците. Автомобилот имал кочански регистарски ознаки. Го управувал Н.К. (29) од Кочани. Жртвите се С.М. (64) и 8-годишно дете, исто така од Кочани.