Вчера во 21.50 часот, полициски скужбеници од СВР Тетово на улицата „Јордан Златаноски“ лишиле од слобода 14 годишен малолетник од Тетово, кај кого при преглед му била пронајдена и одземена марихуана.
Тој е задржан во полициска станица и предаден на инспектор по малолетничка деликвенција, а за настанот бил известен и јавен обвинител, соопштија од МВР.
По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.