ПРВ.мк

Меџити: Системот „One Stop Shop“ на Блаце го поедноставува граничниот премин и ја унапредува регионалната соработка

Меџити: Системот „One Stop Shop“ на Блаце го поедноставува граничниот премин и ја унапредува регионалната соработка
Jumbo Banner

За неполни 10 месеци, на граничниот премин Блаце беше реализиран првиот и единствен „One Stop Shop“ систем во Северна Македонија — напреден модел на заедничко гранично управување кој веќе ги покажува своите резултати.

Преку потпишување и имплементирање на сите билатерални протоколи и процедури, паралелно со институционалната хармонизација, беше изведена и нова инфраструктура, како физичка така и дигитална, која овозможи создавање на целосно функционален и модерен граничен премин.

Новиот систем функционира по принцип на една заедничка гранична контрола. При премин од Северна Македонија кон Косово, проверките ги вршат исклучиво косовските власти, додека во обратна насока, контролата ја спроведуваат само македонските институции. Со ова се избегнува двојна проверка, се скратува времето на чекање, а се подобрува и квалитетот на услугата за патниците и бизнисите.

„One Stop Shop“ носи конкретни придобивки:

ELS

– една станица за гранична контрола;

– само една проверка на документи;

– намалено време на чекање;

– олеснет проток на стоки и луѓе;

– ефикасна распределба на човечки и технички ресурси;

– директна дневна комуникација меѓу граничните служби;

– подобра размена на податоци и поголема безбедност.

Со ова решение, граничниот премин Блаце стана пример за практична и функционална регионална соработка, со што се придонесува не само кон подобра поврзаност, туку и кон заедничка борба против прекуграничниот криминал.

Agria
Stenton
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран