ПРВ.мк

Се повеќе авио-компании го забрануваат овој уред во авионите – правила кои мора да ги знаете

Се повеќе авио-компании го забрануваат овој уред во авионите – правила кои мора да ги знаете

Сè повеќе авиокомпании забрануваат екстерни батерии: опасност или претпазливост?

Авио-индустријата станува сè повнимателна кога станува збор за носење на power bank уреди во авиони, откако во последните неколку години се појавија серија инциденти поврзани со прегревање и пожари предизвикани од неисправни батерии.

Она што до неодамна се сметаше за неопходен додаток при патување, сега станува предмет на строги контроли и ограничувања од страна на се поголем број авиокомпании. Некои веќе во целост ги забрануваат екстерните батерии на летови.

Скриен ризик на небото

Vero

Главната грижа се литиум-јонските батерии кои се вградени во power bank уредите. Ако се оштетени или фабрички неисправни, можат да предизвикаат пожар или експлозија – особено во затворениот простор на авион, објаснува патничкиот консултант Колин Пирсон за Euronews.

Меѓународната асоцијација за авио-сообраќај (IATA) препорачува овие уреди да се носат исклучиво во рачниот багаж, и тоа со капацитет под строго утврдена граница – до 100 вати без дозвола, а од 100 до 160 само со претходно одобрение. Над 160 Wh – целосна забрана.

Строги правила кај некои авиокомпании

Иако инцидентите се ретки, тие беа доволни за да предизвикаат поширока загриженост. Компании како Qantas и Emirates веќе воведоа построги регулативи. Cathay Pacific и Singapore Airlines забранија нивно полнење за време на лет или употреба на приклучоците во авионите.

Совети за патниците

– Најважно е патниците секогаш да ја проверуваат политиката на конкретната авиокомпанија пред патувањето – советува Пирсон.

Екстерните батерии не смеат да се ставаат во регистрираниот багаж, а некои компании бараат да се чуваат покрај патникот, не во горниот багажен простор.

Доколку авио-операторот не дозволува употреба на вакви уреди, се препорачува алтернатива: наполнете ги уредите пред летот или користете аеродромски станици за полнење.

– Малку дополнителна подготовка може значително да го подобри искуството и да придонесе кон побезбедни летови за сите – заклучува Пирсон.

Agria