Емирот на Катар во официјална посета на Москва – средба со Путин за регионални и билатерални прашања
Емирот на Катар, Тамим бин Хамад Ал Тани, пристигна во официјална посета на Москва, каде што ќе оствари средба со рускиот претседател Владимир Путин, јавува катарската новинска агенција КНА.
Според најавите, двајцата лидери ќе разговараат за билатералните односи помеѓу Катар и Русија, со акцент на можностите за нивно продлабочување во различни области. Покрај тоа, на дневен ред ќе бидат и клучни регионални и меѓународни прашања од заеднички интерес.
Во катарската делегација се наоѓа и премиерот и министер за надворешни работи, шеик Мохамед бин Абдулрахман бин Јасим Ал Тани.
Средбата меѓу Путин и Ал Тани е закажана за четврток, а нејзиното одржување беше официјално потврдено од прес-службата на Кремљ уште еден ден претходно.