ПРВ.мк

Коњановски: Битола е спремна – подготвени 30 проекти за средства од Владата

Коњановски: Битола е спремна – подготвени 30 проекти за средства од Владата

Градоначалникот на Битола, Тони Коњановски, денес потпиша повеќе од 30 проектни апликации кои ќе бидат поднесени на вториот повик од Владата за поддршка на општините.

Со овие апликации, Општина Битола има за цел да обезбеди финансиска помош за реализација на приоритетни проекти кои се од значење за граѓаните и локалниот развој.

„Со поднесувањето на овие апликации покажуваме подготвеност, транспарентност и визија за подобра Битола. Ќе продолжиме со интензивна работа на сите нивоа за да обезбедиме што повеќе средства и инвестиции во нашата општина,“ изјави Коњановски.

Проектите се од различни области – инфраструктура, енергетска ефикасност, образование, животна средина и култура – и се дел од стратешкиот план на општината за унапредување на квалитетот на животот во Битола.

Vero
Agria