САД предлагаат признавање на анексијата на Крим и прекин на војната долж линијата на фронтот
Соединетите Американски Држави предложиле план за ставање крај на војната во Украина кој вклучува признавање на руската анексија на Крим и замрзнување на конфликтот на линијата на фронтот, објави Вашингтон пост, повикувајќи се на неколку неименувани извори.
Според написот, американските претставници го изложиле овој предлог пред украинската делегација за време на средба во Париз минатата недела.
Од друга страна, украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска изјави дека Украина не може правно да го признае отцепувањето на Крим, бидејќи тоа е спротивно на украинскиот Устав.