Франција со јасни „црвени линии“ околу мировниот договор меѓу Украина и Русија
Францускиот министер за надворешни работи, Жан-Ноел Баро, изјави дека европските држави веќе ја информирале американската администрација за своите „црвени линии“ – точки што се целосно неприфатливи во евентуален мировен договор меѓу Украина и Русија.
„Нè интересира само одбраната на француските интереси и безбедноста на Европа. Затоа, откако САД ја презедоа улогата на посредник, јасно ѝ ги соопштивме на Вашингтон нашите позиции – и од нив нема да отстапиме“, изјави Баро, пренесе RTS.
На прашањето дали е реална проценката на американскиот претседател Доналд Трамп дека договор може да биде постигнат веќе оваа недела, Баро рече дека тоа целосно зависи од одлуките на рускиот претседател Владимир Путин, пренесе Reuters.
Европските партнери, како што истакнува Баро, нема да дозволат компромис што би ја загрозил нивната стабилност или вредностите врз кои се темели Унијата.