ПРВ.мк
Црна Хроника

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Шест лица повредени, меѓу нив и 15-годишник

ТЕШКА СООБРАЌАЈКА: Шест лица повредени, меѓу нив и 15-годишник

Шест лица се повредени, од кои едно потешко, во сообраќајна несреќа што вчера попладне се случила на регионалниот пат Струга–Охрид.

Според информациите од МВР, несреќата била пријавена во ОВР Струга во 16:35 часот. Се судриле автомобил „хјундаи“ со охридски регистарски ознаки, управуван од 44-годишниот А.И. од Охрид, и „сеат“ со струшки регистарски ознаки, управуван од 39-годишниот Д.М. од Струга.

Во судирот, возачот на „хјундаито“ се здобил со тешки телесни повреди.

Повредени биле и неговите сопатници – 44-годишната С.И., 24-годишниот У.И. и 15-годишен малолетник, сите од Охрид, како и 27-годишната А.С.И. од Германија.

Телесни повреди добил и возачот на „сеатот“. Повредите биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

За несреќата бил известен јавен обвинител, а увид на местото извршила екипа од ОВР Струга.