Три лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила утрово околу 05:10 часот на булеварот „Кузман Јосифовски Питу“ во скопската населба Аеродром, во близина на трговскиот центар „Скопјанка“.
Според информациите од МВР, 23-годишен возач од Скопје, управувајќи возило „мини купер“ со скопски регистарски ознаки, излетал од коловозот и удрил во метална канделабра и дрво.
Во несреќата повредени се возачот и двајца сопатници, Л.С. (25) и Т.Г. (21), исто така од Скопје. Сите се пренесени во Ургентниот центар при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, каде им се констатирани телесни повреди.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.











