На 23.05.2026 околу 23:30 часот, во ОВР Прилеп било пријавено дека на локалниот пат кон село Клепач се случила сообраќајна несреќа во која учествувал 15-годишен малолетник од село Могила.
Според информациите, малолетникот управувал мотоцикл „хамачи“ со битолски регистарски ознаки, при што изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата тој се здобил со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Клиничката болница во Битола.
По извршениот увид од полициска екипа, било утврдено дека малолетникот управувал мотор без возачка дозвола, а причините за несреќата дополнително се истражуваат.






