ПРВ.мк
Црна Хроника

Тажна вест од шаховскиот свет: Почина велемајсторот Даниел Народицки на само 29 години

Тажна вест од шаховскиот свет: Почина велемајсторот Даниел Народицки на само 29 години

Шаховскиот свет е во шок по ненадејната смрт на американскиот велемајстор Даниел Народицки, кој почина на само 29-годишна возраст. Познат како „Дања“, тој важеше за чудо од дете и беше една од најпрепознатливите фигури во модерната шаховска заедница – и на таблата и на интернет.

Роден во Калифорнија, Даниел научил да игра шах на шестгодишна возраст од својот татко. Веќе на 12 години го освои Светското младинско првенство, а на 18 ја стекна титулата велемајстор. Паралелно со натпреварувачката кариера, тој беше и шаховски автор, тренер, и популарен YouTube едукатор, со илјадници следбеници кои го сметаа за еден од најдобрите шаховски коментатори.

Трагичната вест беше потврдена на 20 октомври од Шаховскиот центар во Шарлот, каде што работеше како тренер. Причината за смртта сè уште не е објавена, што остави многумина со чувства на шок и неверување.

Во изјавата на неговото семејство се наведува:

„Даниел беше талентиран шахист, коментатор и едукатор. Почитуван од фанови и играчи ширум светот, и сакан син, брат и пријател. Нека биде запаметен по страста кон шахот и радоста што ја ширеше.“

Само неколку дена пред смртта, Даниел се врати на YouTube со видео анализа по тримесечно отсуство, што ја прави неговата загуба уште потешка за неговите фанови.

Шаховската заедница се збогува со еден од своите најпосветени гласници.

„Почивај во мир, најдобриот учител“, „Дања засекогаш ќе биде дел од нашите шаховски сеќавања“ – напишаа илјадници фанови.

Велемајстор Хикару Накамура изјави дека Народицки „сè што правеше, го правеше од љубов кон шахот“, а неговиот колега Александер Бортник го опиша како „талентиран и добар човек“.

🎗️ Нека почива во мир еден од најпосветените умови на современиот шах.

Escape