Александар Ѓорчевски, таткото на убиената Вања Ѓорчевска, во судницата на Кривичниот суд го праша Велибор Манев: „Зошто ми го убијте детето?“
„На тоа не можам да одговорам, тоа треба да го прашате Љупчо Палевски“, му одговори Манев.
Претходното рочиште, кога започна сведочењето на Манев, кратко беше прекинато поради тоа што на Ѓорчевски му се слоши од описот на злосторствата извршени врз неговата ќерка.