ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАЈНА МРЕЖА РАЗБИЕНА: Турски државјани криумичареле мигранти низ Македонија - еве каде ги уапси полицијата!

ТАЈНА МРЕЖА РАЗБИЕНА: Турски државјани криумичареле мигранти низ Македонија - еве каде ги уапси полицијата!
Kristal

Полициски службеници денеска (31 јануари) ги лишиле од слобода С.А.О. (35) и К.Х. (32), двајцата државјани на Република Турција, поради сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Околу 02:30 часот, на автопатот Гевгелија–Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица сопреле патничко возило „Шкода Октавија“ караван, со скопски регистарски ознаки, сопственост на рент-а-кар компанија, управувано од С.А.О. Како сопатник во возилото бил К.Х.

При прегледот на возилото, биле пронајдени четири илегални мигранти од Египет, на возраст од 15 до 35 години.

По наредба на јавен обвинител, двата осомничени лица се задржани во Полициската станица Гевгелија, додека мигрантите се сместени во Прифатно-транзитниот центар „Винојуг“. По целосно документирање на случајот, против осомничените ќе биде поднесен соодветен поднесок.

FixCredit
FixCredit
Escape
Mia Home Mavrovo