Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ ќе го искористи денот пред финалето во Мелбурн за одмор и закрепнување. По полуфиналниот меч со Јаник Синер, кој траеше 4,5 часа и заврши околу 2 часот по полноќ, Ѓоковиќ најави дека во сабота нема да тренира интензивно, освен можеби за активно закрепнување според својот протокол.
За финалниот ривал, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, Ѓоковиќ рече дека го победил лани во исцрпувачки меч и дека ќе зависи колку двајцата ќе бидат одморени. Тој посочи дека Алкараз е 15-16 години помлад, па биолошки гледано, неговото закрепнување би требало да биде полесно.
Машкото финале на Австралија опен е закажано за недела наутро во 9:30 часот по македонско време.

















