ПРВ.мк
Црна Хроника

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ: Пријателите и роднините се простуваат од Владимир!

ТАГА И НЕВЕРУВАЊЕ: Пријателите и роднините се простуваат од Владимир!

Македонскиот фудбал го потресе уште една тажна вест. На 46-годишна возраст ненадејно почина Владимир Секулоски, поранешен фудбалер кој во текот на својата кариера настапуваше за неколку познати македонски клубови, меѓу кои Тетекс, Слога Југомагнат, Вардар и Работнички.

Секулоски е роден во Тетово во 1980 година, а неговата фудбалска кариера беше исполнета со настапи во повеќе домашни и странски клубови. Периодот од 1999 до 2005 година го помина во дресот на Слога Југомагнат, по што следуваше преселба во Вардар, каде што настапуваше во наредните три сезони.

Во 2008 година ја продолжи кариерата во Работнички, чиј член беше до 2010 година. Една година подоцна направи трансфер во албанскиот клуб Шкумбини, а потоа повторно се врати во македонскиот фудбал.

По враќањето во земјава најпрво настапуваше за Тетекс, а потоа и за Македонија ЃП. Последниот клуб во неговата професионална фудбалска кариера беше Осогово, каде што играше до 2015 година, кога одлучи да ги заврши настапите како професионален фудбалер.

И по завршувањето на професионалната кариера, Секулоски остана поврзан со фудбалот. Продолжи рекреативно да игра мал фудбал, додека професионално се занимаваше со друга дејност.

Неговата смрт доаѓа во исклучително тежок период за македонскиот фудбал. Само три дена претходно беше објавена веста за смртта на поранешниот македонски репрезентативец Агрон Мемеди, кој почина откако му се слошило за време на тренинг на Шкендија, каде што работеше како помошник-тренер.

Така, македонскиот фудбал за само неколку дена се соочи со уште една голема загуба, а од Владимир Секулоски се простуваат пријателите, роднините и луѓето кои го познаваа од неговите фудбалски денови.