ПРВ.мк
Црна Хроника

СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: 19-годишно момче било претепано - семејството имало и видеоснимка!

СЕРИОЗНИ ОБВИНУВАЊА ЗА ПОЛИЦАЈЦИ ВО МАКЕДОНИЈА: 19-годишно момче било претепано - семејството имало и видеоснимка!

До редакцијата на „Антропол“ пристигнала порака од охриѓанецот Горан Николоски, кој преку медиумите се обидува да ја информира јавноста за сериозен инцидент што, според неговите тврдења, се случил пред неколку дена во Охрид.

Николоски тврди дека неговиот 19-годишен брат бил физички нападнат од тројца полициски службеници, при што, како што наведува, бил удиран со клоци и боксови, без претходно да пружи отпор или да даде каква било причина за такво постапување.

Според неговото сведоштво, младиот охриѓанец се здобил со сериозни телесни повреди, за кои семејството поседува медицинска документација. Дополнително, Николоски тврди дека имаат и видеоснимка од настанот, на која, според него, може да се види текот на случувањата.

Во пораката испратена до редакцијата, тој наведува дека се обидел да го заштити својот брат и да застане во негова одбрана, но наместо тоа бил приведен од полицијата.

Николоски изнесува и дополнителни обвинувања за начинот на кој се случил инцидентот. Според неговите тврдења, неговиот брат не бил приведен ниту бил евидентиран, иако наводно бил физички нападнат на паркинг-простор за кој, како што посочува, знаеле дека нема поставени камери.

Сепак, семејството тврди дека располага со видеозапис со звук од настанот, кој би можел да биде важен за утврдување на околностите под кои се случил инцидентот.

Како што објаснува Николоски, на настанот му претходела расправија меѓу неговиот брат и полициските службеници. Причината за конфликтот, според неговото сведоштво, била обвинувањето од страна на полицајците дека 19-годишникот го изгребал возилото со кое тие се превезувале.

Засега, во доставениот материјал се пренесени тврдењата на семејството, а за целосно утврдување на случајот потребно е да се разјаснат сите околности и да се слушне и ставот на надлежните институции.