ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се превртел трактор, маж загинал на лице место!

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Се превртел трактор, маж загинал на лице место!

Тешка несреќа го потресе мавровско-реканскиот регион, откако 67-годишен жител на селото Скудриње го загубил животот во несреќа со трактор.

Според информациите од СВР Тетово, трагичниот настан бил пријавен вчера околу 14:05 часот во Полициското одделение Ростуше.

Несреќата се случила на место викано „Мустана нива“, каде што бил пронајден починатиот М.С. (67) од Скудриње.

Според првичните информации, мажот управувал трактор со приколка кога во еден момент изгубил контрола над возилото. Потоа тракторот се превртел, а несреќата завршила кобно.

Од здобиените тешки повреди, 67-годишникот починал на самото место. Смртта ја констатирал лекар кој пристигнал по пријавата.

На местото на трагедијата увид извршила екипа од ОВР Гостивар, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено на обдукција.

Надлежните институции продолжуваат со истрагата за целосно да се утврдат околностите под кои дошло до несреќата што заврши со загубен човечки живот.

Најнови вести