ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Малолетник загина по удар од два автомобила

СТРАШНА НЕСРЕЌА: Малолетник загина по удар од два автомобила

Седумнаесетгодишно момче го загуби животот во тешка сообраќајна несреќа што се случила ноќеска околу 2 часот на магистралниот пат Ужице – Пожега, во местото Горјани, Србија.

Според неофицијални информации, момчето се наоѓало на коловозот кога во него најпрво удрил автомобил управуван од 20-годишен возач од Пожега. Од силината на ударот, телото било оттурнато на патот, по што во него удрило и второ возило, во кое се превезувале патници што се враќале од одмор.

Екипите на Итната медицинска помош брзо пристигнале на местото на несреќата, но лекарот можел само да констатира смрт.

Увид извршиле полициски службеници и заменик јавен обвинител, а сообраќајот на оваа делница бил во прекин околу два часа.

Според српските медиуми, возачот на првиот автомобил поседувал пробна возачка дозвола. Во тек е истрага која треба да утврди дали во моментот на несреќата ги почитувал законските прописи, како и сите околности што довеле до трагичниот настан.