ПРВ.мк
Црна Хроника

СТРАШЕН НАПАД ОД РОЈ ОСИ: Пензионер починал од убоди од оси - лекарите биле немоќни!

СТРАШЕН НАПАД ОД РОЈ ОСИ: Пензионер починал од убоди од оси - лекарите биле немоќни!

Трагичен настан ја потресе населбата Рипањ, во близина на Белград, каде 71-годишен маж го загубил животот откако бил нападнат од рој оси на приватен имот.

Според првичните информации, несреќата се случила во улицата „Наредник Петар Милојевиќ“, каде што пензионерот престојувал заедно со свој пријател. Во еден момент, врз него налетал рој оси кој го искасал на повеќе места, по што неговата здравствена состојба нагло се влошила.

Пријателот веднаш повикал итна помош, а на местото на настанот брзо пристигнале екипи на полицијата и Итната медицинска помош. И покрај брзата интервенција, лекарите можеле само да ја констатираат смртта на 71-годишниот маж.

Во овој момент не е познато дали починатиот имал алергија на убоди од оси или дали токму силна алергиска реакција довела до фаталниот исход. Познато е дека кај лица кои се алергични, повеќекратните убоди можат да предизвикаат сериозна и животозагрозувачка реакција, поради што е потребна итна медицинска интервенција.

Надлежните служби спроведуваат истрага за да ги утврдат сите околности под кои се случила оваа трагедија, како и точната причина за смртта.

Најнови вести