ПРВ.мк
Црна Хроника

Сопругата на Панчо се огласи - таа открива што се случувало во болницата

Сопругата на Панчо се огласи - таа открива што се случувало во болницата

Сопругата на Владимир Блажев – Панчо од „ДНК“, кој почина денеска, повторно се обрати до јавноста со емотивна порака на социјалните мрежи. Овој пат таа ја коментираше објавата на приватната болница кадешто Панчо се лекуваше изминативе месеци.

„Вие бевте тие кои ми дадовте седум месеци можност да се гушкам и зборам се’ што не си кажавме цел живот. Ви благодарам за секоја секунда посветена од сите вас како болница која ми станавте и втор дом изминатиов период. Нема зборови и нема утеха, а знам дека сте и вие скршени од болка“, напиша таа.

Маја и Панчо се венчаа во 2013 година, а нивната љубов го роди и синовите Андреја и Марјан. Претходно, Маја на својот Фејсбук напиша: „Не се договоривме вака, душо моја, љубов моја, живот мој. Ме скрши на милион делови“, изразувајќи ја длабоката тага по загубата на својот животен партнер.

Escape