ПРВ.мк
Црна Хроника

Исчезна 37-годишна жена – вклучени дронови во големата потрага

Исчезна 37-годишна жена – вклучени дронови во големата потрага

Полицијата и Центарот за управување со кризи започнаа обемна акција за пронаоѓање на 37-годишна жена од Липково која исчезнала во атарот на селото Ваксинце.

Пријавата за нејзиното исчезнување пристигнала преку бројот за итни повици 112, по што веднаш бил активиран тим од полициски службеници и волонтери.

По барање на полицијата, во потрагата се вклучени и дронови со термални камери, кои ја пребаруваат пошироката околина на селото.

Од Центарот за управување со кризи информираат дека акцијата продолжува без прекин, а сите служби се во готовност. Последните информации велат дека жената сè уште не е пронајдена и дека се испитуваат сите можни траги поврзани со нејзиното исчезнување.

Escape