Актерката Весна Петрушевска го даде најемоционалниот и најхрабрият збор по смртта на Владимир Блажев – Панчо, застанувајќи во негова одбрана и откривајќи сурока вистина за јавните обвинувања против него.
Во видео на Инстаграм, видно потресена, Весна рече: „Отиде и Панчо… го обвинивме, а беше невин“, директно осврнувајќи се на истрагата и на обвиненијата кои јавноста и дел од семејствата на жртвите ги упатија кон него.
Таа истакна дека Панчо бил едноставен човек кој „трчаше, како сите нас, за парче леб“ – вреден, скромен и посветен на својата работа. „Сам ги договараше свирките, сам пишуваше, сам одеше по студија… беше многу вреден“, додаде Весна, насликувајќи го како човек кој сакал да чита и да создава, далеку од сликата на виновник.
Нејзината исповед е потсетник за суровата реалност на „судењето од јавноста“. Панчо никогаш не доби шанса да се брани пред вистински суд, но беше осуден од „судот“ на социјалните мрежи и чаршиските муабети.
Весна ја повикува јавноста на емпатија и нè потсетува дека зад секоја трагедија стојат сложени човечки приказни, а не едноставни црно-бели наративи. Нејзината храброст да застане во одбрана на својот пријател, дури и по неговата смрт, е последен обид да се врати достоинството на човекот кој беше жртва двапати – еднаш на огнот, и вторпат на обвинувањата.