ПРВ.мк
Магазин

Фотографија што го остави светот без здив – Вака изгледа Монт Еверест од вселената!

Фотографија што го остави светот без здив – Вака изгледа Монт Еверест од вселената!

Дали сте се запрашале како изгледа највисоката планина на Земјата кога се гледа не од нејзината подножја, туку од тишината на вселената? Астронаутот на НАСА, Доналд Петит, конечно го покажа тоа – и фотографијата е толку неверојатна што предизвика милиони реакции низ целиот свет.

Сликата, направена од Меѓународната вселенска станица додека кружела над хималајскиот венец, го прикажува Монт Еверест како пробива низ облаците – величествен, мирен и недопирлив. „Кружиме над Хималаите. Монт Еверест е токму на оваа фотографија“, напиша Петит на мрежата Х, а објавата веднаш стана вирална сензација.

Корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени, а еден коментар совршено ја опиша сцената: „Изгледа како океански бран што удира во брег – само што овој е направен од камен и снег.“

Од оваа перспектива, најсуровата планина на светот изгледа нежно и смирено. Фотографијата не е само научен документ – таа е уметничко дело кое нè потсетува колку сме мали во споредба со бескрајниот универзум.

Благодарение на Доналд Петит, светот доби можност да ја види планетата од поглед што е резервиран за малкумина – поглед од кој дури и Монт Еверест изгледа како деликатна точка во морето на космосот.

Escape