ПРВ.мк
Црна Хроника

ВНИМАВАЈТЕ ВОЗАЧИ: На овој скопски булевар има сообраќајка меѓу автомобил и автобус - еве ги деталите!

ВНИМАВАЈТЕ ВОЗАЧИ: На овој скопски булевар има сообраќајка меѓу автомобил и автобус - еве ги деталите!

На булеварот „Јане Сандански“ во скопската населба Аеродром се случила сообраќајна несреќа во која учествувале автобус и патничко возило марка „Сеат“.

Според првичните информации, по судирот двете возила биле видно оштетени. Очевидци наведуваат дека постои можност автомобилот да се движел во спротивна насока, но ова засега не е официјално потврдено.

Во моментот нема податоци за повредени лица.

Од надлежните се очекуваат дополнителни информации од Министерството за внатрешни работи за причините и околностите под кои се случила несреќата.

Најнови вести