ПРВ.мк
Црна Хроника

СМРТОНОСНИОТ ВИРУС СЕ ШИРИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА БРЗИНА: Над 12.000 заразени и повеќе од 6.000 починати

СМРТОНОСНИОТ ВИРУС СЕ ШИРИ СО ЗАГРИЖУВАЧКА БРЗИНА: Над 12.000 заразени и повеќе од 6.000 починати

Бројот на починати од ебола во Демократска Република Конго надмина 6.000, со што актуелната епидемија стана најтешката во историјата на земјата.

Според последните податоци објавени од конгоанската влада, досега се регистрирани 6.025 смртни случаи и 12.254 потврдени случаи на заразени лица во осум провинции.

Епидемијата, која официјално беше прогласена на 15 мај, е седумнаесетта по ред во земјата. Предизвикана е од вирусот Бундибугио, за кој засега нема специфична одобрена вакцина или терапија.

Според обемот, актуелната епидемија е надмината единствено од епидемијата во Западна Африка во периодот од 2014 до 2016 година, кога беа заразени повеќе од 28.600 луѓе, а над 11.000 починаа во Гвинеја, Либерија и Сиера Леоне.

Здравствените експерти предупредуваат дека справувањето со заразата е дополнително отежнато поради хроничниот недостиг на финансиски средства, недовербата на населението во здравствените институции и нестабилната безбедносна состојба.

Овие фактори значително ги отежнуваат напорите за навремено откривање на заразените, нивно лекување и спречување на понатамошното ширење на вирусот.