Педесет и едногодишен маж од Скопје се здобил со тешки телесни повреди при извршување работни задачи во Националната установа Македонска опера и балет, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Според полициските информации, од ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во СВР Скопје било пријавено дека во здравствената установа со тешки телесни повреди бил донесен С.К. (51) од Скопје.
Повредениот маж подоцна бил пренесен во приватна болница за понатамошно лекување и укажување медицинска помош.
Според пријавеното, скопјанецот се здобил со повредите додека извршувал работни задачи во Македонската опера и балет.
Засега не се соопштени дополнителни информации за околностите под кои настанале повредите.








