Пензионерите во Македонија во наредните денови ги очекуваат ноемвриските пензии, а дел од нив би можеле да располагаат со своите средства уште утре, на 30 ноември.
Според редовната динамика на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување, исплатата на пензиите се реализира на почетокот на месецот, па како очекуван термин за исплата на ноемвриските пензии се посочува вторник, 1 декември.
Сепак, одредени банки практикуваат предвремена исплата на пензиите, со што на своите клиенти им овозможуваат порано да располагаат со парите.
Шпаркасе банка пред два месеца донесе одлука за предвремена исплата на пензиите на своите клиенти, односно на 30-ти во месецот.
Засега нема официјални информации дали Комерцијална банка и Стопанска банка ќе реализираат предвремена исплата на ноемвриските пензии.
Пензионерите можат да ја проверат состојбата на своите трансакциски сметки преку банкоматите, мобилното и електронското банкарство, како и на шалтерите на банките.
Во меѓувреме, најавите поврзани со буџетот за 2027 година отвораат можност за дополнително зголемување на пензиите во текот на следната година.









