ПРВ.мк
Црна Хроника

УЖАС ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Четири мечки убија чувар, сите животни се застрелани

УЖАС ВО ЗООЛОШКА ГРАДИНА: Четири мечки убија чувар, сите животни се застрелани

Страшна трагедија се случи во зоолошката градина во индискиот град Ајзавл, каде што четири црни хималајски мечки избегале од оградениот простор и усмртиле 44-годишен работник.

Жртвата е Ц. Лалрамсанга, познат по прекарот Марама, кој бил нападнат додека ги извршувал своите работни обврски во комплексот, пренесува „Телеграф Индија“.

Според информациите на надлежните, работникот носел кафез наменет за антилопа, која претходно избегала, но била успешно заловена.

Во еден момент една од мечките го нападнала работникот. Неговите колеги се обиделе да му помогнат, но не успеале да го спасат поради присуството на останатите три мечки.

Подоцна било утврдено дека животните избегале од својот простор преку дупка што ја ископале под заштитната ограда.

По трагичниот напад, главниот чувар задолжен за заштита на дивиот свет наредил сите четири мечки да бидат застрелани.

Министерот за шумарство ја посетил зоолошката градина и го информирал премиерот на индиската сојузна држава Мизорам, Лалдухома, кој веднаш наредил спроведување истрага.

Од раководството на зоолошката градина било побарано итно да подготви план за подобрување на безбедносните мерки, со цел да се спречат слични трагедии во иднина.