ПРВ.мк
Црна Хроника

СМРТ ВО ЖИВО: Инфлуенсер се смеел и снимал пред ресторан, а потоа му пришле две лица на мотоцикл и му пукале во глава!

СМРТ ВО ЖИВО: Инфлуенсер се смеел и снимал пред ресторан, а потоа му пришле две лица на мотоцикл и му пукале во глава!

Мексиканскиот инфлуенсер на социјалните мрежи Цезар Гастелум е убиен од огнено оружје додека пренесувал содржина во живо, каде што бил со пријателите пред ресторан за брза храна во градот Кулијакан на северот од земјата, соопштија денеска локалните власти.

Гастелум, кој имал речиси 600.000 следбеници на ТикТок и бил познат по своите комични видеа, го пренесувал своето обраќање во живо пред ресторан за брза храна во мексиканската сојузна држава Синалоа кога му се приближиле две лица на мотоцикл со кациги на главите. Возачот на мотоциклот му пукал на инфлуенсерот директно во главата, пренесува „Ројтерс“.

Убиството на инфлуенсерот се случило за време на постојан пораст на насиството во Кулијакан, главниот град на Синалоа, кој е во центарот на судирите меѓу ривалските фракции на организираниот криминал што се борат за контрола врз таа област.

И инфлуенсерката Валерија беше убиена за време на пренос во живо

Пукањето исто така потсети и на убиството на мексиканската инфлуенсерка Валерија Маркез (23) во мај 2025 година, која беше убиена за време на пренос во живо на ТикТок во салонот во кој работеше во Запопан, во западната држава Халиско.

Маркез беше убиена откако маж влегол во салонот и отворил оган, а нејзиното убиство потоа се истражуваше како фемицид.

Тоа се промени кога мексиканските власти во јули објавија дека во Халиско е уапсен Рамон Анхел Алварез Ајала, познат како „Ел Р-1“, кого министерот за безбедност Омар Гарсија Харфуч го идентификуваше како водач на криминална ќелија поврзана со картелот „Халиско Нова генерација“ (CJNG), и кој е поврзан со убиството на Валерија Маркез.

Алварез Ајала е обвинет и дека го нарачал и финансирал убиството на градоначалникот на Уруапан, Карлос Манзо, во ноември 2025 година.