Вчера, на повеќе различни локации низ Скопје, полициски службеници од СВР Скопје спроведоа координирана акција во која лишија од слобода вкупно 14 лица, меѓу кои и еден малолетник, поради сомнение за недозволена дрога и психотропни супстанции.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, приведени се Н.Р. (42), Ш.А. (31), В.С. (33), В.С. (32), З.Л. (40), Г.Г. (37), Б.Б. (35), А.Р. (29), С.Р. (28), А.К. (45), Б.М. (38), 17-годишник – сите од Скопје, како и С.Р. (32) од селото Кондово, скопско, и М.В. (32) од Република Србија.
При полициските контроли и претреси, кај приведените биле пронајдени и одземени различни видови сомнителни супстанции, меѓу кои бела прашкаста материја, кафеава прашкаста материја, прашкаста материја, кафеава грутчеста материја, како и таблети за кои се сомнева дека се наркотични или психотропни средства.
Од СВР Скопје наведуваат дека сите лица се лишени од слобода и задржани за понатамошна постапка. По целосно документирање и расчистување на случаите, против инволвираните ќе бидат поднесени соодветни кривични или прекршочни поднесоци, согласно законските прописи.
















